23.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Турција заинтересирана за производство на руската вакцина „спутник V“

Турција е заинтересирана за производство на првата руска вакцина за коронавирус „спутник V“, соопшти руското Министерство за здравство по телефонскиот разговор меѓу министрите за здравство на двете земји.

Русија веќе тестира две вакцини против вирусот и е на пат да регистрира трета. Москва најави употреба на „спутник V“ за домашна употреба иако последните фази на тестирање сè уште не се завршени.

„Шефот на турското Министерство за здравство изрази интерес за организирање производство на вакцината ‘спутник V’ во турските фармацевтски производствени капацитети по спроведените токсиколошки студии, како што бара локалното законодавство“, се вели во соопштението на Министерството за здравство.

Рускиот министер за здравство, Михаил Мураско, го увери својот турски колега за подготвеноста да организира вакви тестови, се вели во соопштението.

Турското Министерство за здравство одби да ги потврди обвинувањата, но министерот Фахретин Коца преку твит објавен во вторникот вечерта потврди дека двајцата службеници оствариле телефонски разговор.

„Разменивме мислења за прашања во здравствениот сектор во кои соработуваме, имено за напорите за производство на вакцина против Ковид-19 и за меѓународните напори во кои учествуваме“, рече Коца.

Турција пријави речиси 400.000 инфекции со коронавирус, со повеќе од 11.000 мртви од март досега. Владата ја смени својата методологија во јули за да известува само за бројот на симптоматски случаи, потег што според критичарите го крие вистинскиот обем на епидемијата во земјата.