18.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Германија очекува вакцинација против коронавирусот во првиот квартал од 2021 година

Германија не очекува вакцината против коронавирус да биде достапна пред првиот квартал од следната година, пишува во копијата од нејзината национална стратегија за вакцинација.

Во стратешкиот документ на Министерството за здравство на 15 страници, до кој „Ројтерс“ имаше пристап, седум потенцијални вакцини, чие тестирање треба да заврши оваа или в година, може да бидат достапни во доволни количини за да почне националната кампања за вакцинација за приоритетните групи.

Станува збор за вакцините на „Астра зенека“, „Бионтек“ со партнерот „Фајзер“, „Модерна“ и „Нововакс“, „Џонсон и Џонсон“, „Глаксосмитклајн“ и „Кјурвек“.

Германија планира да формира централизирани центри за вакцинација и да ги вакцинира приоритетните групи, пред сè.