Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Мрачниот некрофил Мицкоски се обидува да профитира од жртвите на коронавирусот

Во овој сериозен период на пандемија на коронавирусот, кога е неопходна голема одговорност од сите граѓани, доследно почитување на мерките за заштита за намалување на притисокот врз здравството, Христијан Мицкоски со својата морбидна некрофилна политика останува најголема закана за здравјето на граѓаните и подмолно се обидува да профитира од смртта на жртвите на коронавирусот, велат од СДСМ.

„Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ цело време го поткопуваат здравствениот систем, ја попречуваат борбата против вирусот, ги прекршуват мерките и водат мрачна, некрофилна кампањата. Мицкоски се подбиваше со заболените од коронавирусот кога ги кршеше мерките и одеше во ресторан или во фитнес-центар, кога организира настани на кои не се носат маски и не се држи дистанца“, се наведува во соопштението.

Според партијата, Мицкоски не мислел на последиците кога Вело Марковски зборувал дека вирусот не е опасен, ниту денеска кога овој член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, како што велат од СДСМ, од ракав дели терапии и кажува како не треба да се лекуваат заболените од коронавирусот.

„ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски од почетокот на пандемијата па до сега не донираа ниту еден денар, не се откажаа од платите во Собранието, од паушалите во советите на општините, не донираа ниту една маска, средство за дезинфекција. Напротив, го допреа дното со неконструкитвно однесување, опструкции и критики. Граѓаните знаат дека СДСМ се грижи за здравјето, а Мицкоски се радува на починати“, пишува во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

ШЕСТ ЛИЦА ОД БИТОЛА ОСОМНИЧЕНИ ЗА ОРГАНИЗИРАНО ДЕЈСТВУВАЊЕ: Жртвите биле снимани и понижувани – биле терани да даваат изјави дека се “педофили”

ДЕСК

ОД ВТОРНИК СИЛЕН ВЕТЕР, ОД ЧЕТВРТОК НЕВРЕМЕ: Пороен дожд, грмежи и можен град

ДЕСК

ТЕЖОК ИНЦИДЕНТ ВО ЦЕНТАР: Напад со тврди предмети, едно лице пренесено на клиника

ДЕСК