17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Дарманин: Франција е во војна против исламистите

Францускиот министер за внатрешни работи, Жерар Дарманин, вели дека е можно повеќе напади да се случат на територијата на Франција бидејќи таа е вклучена во војната против исламистичката идеологија.

„Ние сме во војна против непријателот, кој е и внатре и надвор. Мора да разбереме дека има и ќе има и други настани како овие страшни напади“, изјави тој за радиото РТЛ, пренесува „Ројтерс“.

Во четвртокот, туниски државјанин, извикувајќи „Алах акбар“, уби три лица во црквата „Нотр Дам“ во Ница. Тој ѝ ја отсекол главата на една од жртвите и повредил неколку лица пред полицијата да го застрела и да го префрли во болница.