10.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
илустрација/Pixabay
КОРОНАВИРУСТЕМАСВЕТ

Митрополијата потврди, Амфилохије починал од коронавирус во болница

Почина митрополитот црногорскo-приморски Амфилохије, потврди Митрополиjата на својата интернет-страница.

„В петок, 30 октомври 2020 година, во 8.20 часот утрото, во Клиничкиот болнички центар на Црна Гора, по приемот на светата тајна причест, се упокои архиепископот цетински, митрополит црногорско-приморски и егзарх на светиот престол на Пеќ, г. Амфилохије“, е објавено на интернет-страницата.

„Јавноста набргу ќе биде информирана за сите други детали во врска со погребот на митрополитот. Вечнаја памјат и Царството Небесно!“, се вели во соопштението.

Mитрополитот Амфилохије (82) од 6 октомври беше на болничко лекување поради тешкотии предизвикани од коронавирусот.

Вчера, медиумите јавија дека неговата здравствена состојба се влошила, односно дека дишел тешко и чувствувал болка во градите.

Спонзорирано: