12.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
izbori
СВЕТ

Парламентарните избори во Киргистан ќе бидат повторени на 20 декември

Повторните парламентарни избори во Киргистан се закажани за 20 декември, соопшти киргистанската Централна изборна комисија, пренесува „Анадолија“.

„Членовите на ЦИК донесоа одлука за одржување на повторените парламентарни избори на 20 декември 2020 година“, рече портпаролот на ЦИК.

Резултатите од парламентарните избори одржани на 4 октомври беа поништени поради демонстрациите организирани од 12 политички партии кои не успеаја да го поминат прагот од 7 отсто за влез во Парламентот. Членовите на ЦИК, исто така, одобрија организациски и практични мерки и буџетска проценка за подготовка и спроведување на изборите.

Парламентот на Киргистан во петокот ја укина вонредната состојба во главниот град Бишкек и ја прифати оставката на претседателот Соронбај Јенбеков. Вонредната состојба ја воведе претседателот Јенбеков за да се справи со насилните демонстрации.

Во судирите меѓу демонстрантите и безбедносните сили загина најмалку едно лице, а 590 други беа повредени.

Новоименуваниот киргистански премиер Садир Жапаров во четвртокот објави дека ги презема претседателските овластувања по оставката на претседателот. Јенбеков претходно се спротивстави на оставката велејќи дека ќе се повлече само по новите парламентарни избори.

Спонзорирано: