22.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Казнети 796 лица за неносење маска

Полицијата вчера казнила 796 лица за неносење заштитна маска, што е законска обврска од 1 мај.

„Во текот на изминатото деноноќие (19/20.10.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 796 прекршоци“, соопшти МВР.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид-19.