11.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Facebook
СВЕТ

Лондон: Полицијата ќе има пристап до информациите за самоизолација на граѓаните

Британската полиција доби пристап до податоците за жителите на кои им е наредено да се изолираат, објави британското Министерство за здравство.

Портпарол на Министерството изјави дека се согласиле со националното полициско тело, полициските службеници да имаат пристап до информации за самоизолација.

„Меморандумот за разбирање гарантира размена на информации со соодветни заштитни мерки и во согласност со законот. Ниту една здравствена информација или информации за тестирање не се споделуваат во процесот“, рече портпаролот во изјавата.