16.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
КОРОНАВИРУССВЕТ

Ги затвораат баровите и ноќните клубови: “Најлошата криза од граѓанската војна”

Либан денес објави дека ќе затвори барови и ноќни клубови со цел да се спречи ширењето на коронавирусот.

Повеќе од 450 лица починаа како резултат на вирусот во Либан, а населението исто така се соочува со финансиска криза и се опоравува од експлозијата што се случи во Бејрут пред два месеци.

Министерството за внатрешни работи ги затвори баровите и ноќни клубови до дополнително известување и воведе карантин за уште 169 села и области низ целата земја, за разлика од 111-те минатата недела.

Тие исто така повторно воведоа полициски час кој трае од 1 после полноќ до 6 наутро.

Од почетокот на пандемијата, во оваа земја се регистрирани 52.558 случаи и 455 смртни случаи поврзани со инфекција со коронавирус.

Либан има околу шест милиони жители, а последните денови бројот на новозаболени е над 1.000, додека капацитетите на болниците на интензивна нега достигнаа критични 82 проценти зафатеност, според Светската здравствена организација.

Во меѓувреме, вирусот продолжува да се шири во преполни затвори, државни болници и градови, каде што луѓето лошо носат маски.

Либан се бори со пандемија, додека истовремено се соочува со најтешката економска криза од граѓанската војна во периодот 1975-1990 година.

Финансискиот систем на земјата е парализиран од минатата година, валутата падна за 80 проценти, а банките строго го ограничија повлекувањето пари. Економскиот пад беше влошен од експлозијата во Бејрут на 4 август во која загинаа повеќе од 200 луѓе и беа оштетени неколку болници.