20.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Трагедија на плажа во Хрватска – дедо и внук влегле во бурно море, бабата настрадала во обид да ги спаси

Во невремето кое во саботата го зафати островот Крк загина 52-годишна жена од Осјек во обид од бурното море да ги спаси сопругот и 10-годишниот внук.

Имено, дедото и внукот отседнале во некој од апартманите на плажата Плав. И покрај лошото време решиле да се искапат во бурното море.

Меѓутоа, набрзо после влегувањето во морето се соочиле со големи бранови и силни морски струи поради кои не можеле да излезат од водата. Кога видела дека внукот и сопругот ѝ се во опасност, жената скокнала во морето облечена да им помогне, но тоа за неа било кобно.

Дедото и внукот имале повеќе среќа затоа што двајца вработени во авто-кампот Јежевац успеале да ги извлечат на брегот.

Спонзорирано: