Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Премиерот Заев за МИА најавува: На зима втора меѓувладина седница на Северна Македонија и Грција

Во следните месеци, односно на зима, во зависност од развојот на пандемијата, во Атина ќе се одржи втората меѓувладина седница на Северна Македонија и Грција. Потпишување на договорот за избегнување на двојно оданочување, нешто што веќе со години го бараа бизнисмените, состанок на коморите меѓу двете земји во Скопје за трговските ознаки, соработка во низа области – економијата, енергетиката, инвестициите, се дел од следните чекори во македонско – грчките односи, кои биле вчера дискутирани и договорени на средбата на премиерите на двете земји, открива претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев во видео интервјуто за МИА.

Поканата од „Економист“ до македонскиот премиер за учество на „24-та тркалезна маса со грчката Влада“ на 15 и 16 септември во Атина донесе и низа средби за Заев, како со грчкиот државен врв, така и со грчки бизнисмени.

Кусо пред да замине за Скопје, во разговор со дописничката на МИА од Атина, претседателот на Владата на Северна Македонија детално и опширно говори за разговорите со грчкиот државен врв, вели дека посетата веројатно е прва на македонски премиер по 20 години, а освен што ги открива следните чекори на билатерално ниво и најавува интензивирање на соработката, открива и дека Мицотакис сака да дојде во Скопје, но и додава дека грчкиот премиер изразил подготвеност, Грција да снабди вакцина за Ковид-19 и за Северна Македонија и Албанија.

спонзорирано: