20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Заев: Грција и досега е втор најголем трговски партнер на Северна Македонија и трет најголем инвеститор, но потенцијалите, според наша проценки се 30-40 отсто искористени досега

– Грција и досега е втор најголем трговски партнер на Северна Македонија и трет најголем инвеститор, но потенцијалите, според наша проценки се 30-40 отсто искористени досега, вели Зоран Заев, премиер на Македонија во интервју за МИА.

– Сега ова што го отвораме како можност е директно, преку договорот за избегнување на двојното оданочување, договорот за заштита на инвестициите, сите други економски договори кои што нашата земјата ги немала со својот сосед. И во едни такви околности, верувам дека отвораме едно покомплетно насочување на прилив на странски капитал во Република Северна Македонија. Тоа за мене е ново домашно производство, нови работни места, нов извоз од тоа што ќе се прави, надокнадувајќи го целото ова, голема работа направивме за пренесување на искуството од дигиталната економија. Во последните пет шест месеци, Грција има направено едно совршенство на имплементација на дигитализацијата. Тоа е многу важно, не само затоа што сега е коронакризата и ќе потрае следните шест до осум месеци ќе ја имаме сигурно, но тоа е модернизацијата на 21 век, вели прмеиерот Зоран Заев за МИА.

– Понудија комплетно, од нивниот министер до сите агенции кои што работат, да направат едно фокусирање. Веќе имаат инвестиции како „Циско“ и други компании од Силиконската долина кои што се овде и сакаат да се прошируваат на секаде по Балканскиот Полуостров, но и во Југоисточна Европа, ќе ги мотивира дополнително заради тоа што технолошкиот развој, новите технологии се важна работа, вели Заев.

Разговаравме, во пријателски дух, комплетно да им покажеме на сите што значат две пријателски земји кои имаат потпишано договор за стратешко пријателство, бидејќи Преспанскиот договор не е само за решение на проблемот со името и зацврстување на нашиот македонски идентитет. Најголемиот дел од Преспанскиот договор е стратешкото партнерство и не е само во воздушното покривање, во безбедноста. Овде е економијата, енергетиката, образованието, здравството и слично, така да иако сме дојдени овде на покана на „Еономист“, сепак овие две средби со премиерот и со неговите министри што ги направивме, но и охрабрувањето кое што го добивме од претседателката на Грција, навистина, за мене се остварување на нашите желби за да го искористиме токму тој потенцијал од јужниот сосед кој што е најстара членка на Европската Унија, најстара членка на НАТО од целиот овој регион, со доста добро поставено лоби насекаде во светот, огромен број на компании, силни, мултинационални, но и со милијарди во својот обрт, сето тоа го гледам како можност за економски раст и развој на Република Северна Македонија, додава Македонскиот премиер.

Спонзорирано: