14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Slaven Trgar/Pixabay
СВЕТИЗБОР

Силна експлозија во Загреб

Во раните утрински часови, околу 4,15 часот, во Загреб одекна силна експлозија.

Експлозијата се случи, како што соопшти полицијата за Н1, веднаш до угостителскиот објект во улицата Божидара Маговава, во населбата Травно.

Како што пишува Јутарњи лист, интензитетот на експлозијата го разбуди скоро целиот Нов Загреб, а според извештаите на читателите, тсе слушнала и во центарот на градот.

Според хрватските медиуми, никој не е повреден, а оштетени се угостителскиот објект и два прозорци на соседниот стан.

Во тек е полициска истрага.

Спонзорирано: