17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Првите анализи покажуваат каков експлозив е користен: Направата била под седиштето на Страхиња а активиран е од далечина

Првите анализи на поставениот експлозив под џипот на Страхиња Станојковиќ во Белград покажуваат дека е користен експлозив пластичен P500, попознат како Ц-4. На тоа укажуваат и остатоците од џипот, бидејќи последниве години овој експлозив се користеше во пресметките на мафијата на белградските улици.

– Да беше поставен посилен експлозив, уништувањето на самото возило ќе беше далеку поголемо, а патниците сигурно немаше да преживеат – наведува соговорникот од истрагата.

– Во овој случај, експлозивот е поставен директно под возачкото седиште, и се активирал од далечина, наведува изврот.

На сличен начин, беше разнесен Синиша Милиќ Боске, главниот оперативец на кланот на Лука Бојовиќ и Филип Кораќ.

Тој беше убиен во јуни 2018 година на семафор во Автокоманда, во Белград.

Потоа се користеше Ц-4, а се активираше со повик од мобилен телефон.