Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Повторно поевтинија бензините и нафтата – ова се новите цени на горивата

фото Pixabay

Регулаторната Комисија за Енергетика пред само неколку моменти ги објави новите, намалени малопродажни цени на горивата.

Во согласност со методологијата за пресметка на цените, од вечерва малопродажните цени на горивата се намалуваат во просек за 2.93%.

Цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се намалуват за еден денар по литар, и овие горива ќе чинат по 58.50, односно 60.50 денари за литар.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се намалува за 1.50 денари за литар, па еден литар дизел гориво ќе чини 49.00 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечева на полноќ и ќе важат до следната рекалкулација.

спонзорирано: