11.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Макрон и Мицотакис ќе разговараат за Турција

Францускиот претседател, Емануел Макрон, неделава ќе разговара со грчкиот премиер, Кирјакос Мицотакис. Тема на разговорот ќе бидат затегнатите односи меѓу Европската Унија и Турција, соопшти денеска канцеларијата на Макрон.

Макрон и Мицотакис ќе присуствуваат на самитот МЕД 7 на францускиот остров Корзика на 10 септември, заедно со лидерите на Португалија, Шпанија, Италија, Кипар и Малта, објави „Ројтерс“.

Сојузниците на НАТО, Турција и Франција имаат спротиставени ставови за Сирија, Либија и за спорот на Анкара со Грција околу енергетските ресурси во источниот Медитеран.

Спонзорирано: