16.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Во Италија 71 самоубиство поврзанo со кризата предизвикана од Ковид-19

Пандемијата има големо влијание врз менталното здравје, а од март до денес 71 самоубиство и 46 обиди за самоубиство во Италија се поврзани со пандемијата.

Покрај последиците од финансиската криза, мерките за социјално дистанцирање и изолација исто така доведоа до влошување на психолошките проблеми, се вели во написот објавен по повод претстојниот Светски ден за спречување на самоубиство – 10 Септември.

Како што е наведено, постојат неколку фактори на ризик за самоубиство, а зголемувањето на бројот на самоубиства и обиди за самоубиство за време на блокадата поради пандемијата може да се објасни и со прекинување на посетите на клиниките за психолошка или психијатриска терапија.

„Депресијата е водечка причина за попреченост, бројот на депресивни лица расте во последните децении, а уште повеќе како резултат на пандемијата и нејзините последици“, рече Клаудио Менкачи, раководител на одделот за ментално здравје во болницата Фатебенефратели во Милано.

Италија е прва европска земја што воведе строги карантински мерки на целата територија на почетокот на март, и таа излезе од блокадата со постепено олеснување на рестриктивните мерки по речиси три месеци.

Спонзорирано: