16.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Меркел за „случајот Навални“: Русија мора да одговори на некои тешки прашања

Германската канцеларка, Ангела Меркел, изјави дека рускиот опозиционер Алексеј Навални е жртва на злосторство.

„Алексеј Навални е жртва на напад со хемискиот нервен агенс од групата ‘новичок’. Овој отров несомнено е најден во анализите. На тој начин се потврдува дека Алексеј Навални е жртва на злосторство. Требало да се замолчи. Најостро го осудувам нападот во име на германската Влада“, изјавила Меркел во Берлин.

Канцеларката додала дека тоа што му се случило на Навални отвора тешки прашања на кои само Русија може да одговори.

„Министерството за надворешни работи го извести рускиот амбасадор за резултатите. Очекуваме руската Влада да објасни што се случило. Се појавија некои тешки прашања на кои може и треба да одговори само руската Влада“, рекла Меркел.

Според неа, судбината на Навални го привлече светството внимание.

„Светот чека одговори“, нагласила Меркел.

Таа навела дека Берлин ќе ги извести своите партнери во ЕУ и НАТО за новите околности за случајот со Навални и дека ќе биде договорена заедничка реакција и ќе биде објавена заедничка изјава.

Претходно денеска, германската Влада соопшти дека Навални е отруен со отровна супстанца од групата на хемискиот боен отров „новичок“.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Берлин не ја известил Москва за новите наоди.

Спонзорирано: