10.4 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Видео) Невреме во Хрватска: град, поплави, ветер уривал покриви, молњи предизвикале пожар

Промена на времето пристигна во делови на Хрватска – во Загреб врнело дожд и имало заладување, а силен дожд и невреме ја зафатиле и Далмација.

Најлошо е во Шибеник, каде што дождот предизвика поплави низ целиот град, објави локалниот портал „Шибеник“.

Најмногу дожд паднало во подрачјето на Шибеник, понекаде и повеќе од 50 литри на квадратен метар.

„Тоа што извира се фекалии измешани со врнежи. Се случува секој пат и кога има помалку дожд“, раскажува човек од Шибеник за Морски.хр.

Во текот на вечерта невремето продолжило да се движи кон подрачјето на Макарска, а во областа Живогошча паднал град со големина на голф-топче, пренесува „Далмација данас“.

Ветерот ги корнел ќерамидите од покривите, а на Хвар, гром предизвикал пожар во шумата кај Брусје.

Невреме го погоди и подрачјето на Трогир, каде што гром удрил во ѕидот на спортската сала, пренесува „Индекс“.

Спонзорирано: