8.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Перу го престигна Мексико по бројот на заразени со коронавирус

Во Перу се потврдени уште 8.875 случаи на „Ковид-19“, а вкупниот број заразени лица во земјата достигна 498.555, соопшти тамошното Министерство за здравство.

Перу сега е на шестото место во светот по бројот на заразени со коронавирус и го престигна Мексико, кое според најновите податоци има 498.380 заразени.

Бројот на починати во Мексико достигна 21.713, јавува агенцијата ТАСС.