5.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

Белград: Уапсен маж осомничен дека запалил девојка – се криел неколку дена од полицијата

Р.Б. е уапсен под сомнение дека ја запалил својата  девојка со иницијали З.К, со која бил во љубовна врска, најверојатно од љубомора на 13 јули и таа починала два дена подоцна.

После неколку дена криење, тој беше уапсен вчера, а денес во Вишото јавно обвинителство беше сослушан за кривично дело убиство на суров начин, пренесуваат српските медиуми.

Обвинителството предложи тој да биде пренесен во притвор.

Сомнежите се дека Р. Б.  ја чекал жртвата во зградата каде што живеела, и пристапил кон неа и истурил бензин од канистер што претходно го подготвил, а потоа го запалил.

З.К. се здобила со тешки телесни повреди, од кои починала на 15 јули.

Спонзорирано: