14.8 C
Скопје
10. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Првите доброволци се чувствуваат добро по руската вакцина и се пуштени од болница

Новата вакцина против коронавирусот во Русија беше тестирана на првите 18 доброволци, кои се пуштени од болница затоа што се чувствуваат добро, објави „Спутник“.

Со позитивни резултати и имунитет на коронавирусот, учесниците на тестот се испратени дома од воената болница „Бурденко“.

Првата група на доброволци се состоеше од две подгрупи: првата подгрупа ја прими првата компонента, а втората подгрупа втората компонента на вакцината, и денес, конечно, 28 дена по вакцинацијата, тие се пуштени од болницата, пренесува „Спутник“.