12.8 C
Скопје
10. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Силен земјотрес ја погоди Папуа Нова Гвинеја

Земјотрес со интензитет од 7,3 степени според Рихтерова скала ја погоди Папуа Нова Гвинеја, соопшти американскиот Геолошки институт. Нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.

Епицентарот на потресот се наоѓал на 18 километри југоисточно од местото Вау, на длабочина од 85,2 километра под површината на земјата.

Папуа Нова Гвинеја се наоѓа во тихоокеанскиот Огнен Прстен, формиран од синџир на сеизмички активни области и вулкани.