9.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

За првпат од 10 март, во Белгија нема смртни случаи

Во Белгија, која од земјите со средна големина беше најзагрозена со коронавирус, за првпат од 10 март не е забележан ниту еден смртен случај во последните 24 часа.

Како и многу други европски земји кои беа погодени од епидемијата во март и април, бројот на заразени во Белгија е намален со воведување мерки за затворање што сега се олеснети, пренесува „Ројтерс“.

Вкупниот број на смртни случаи пријавени од белгискиот Институт за јавно здравје „Скиенсано“ е 9.787.

Во земјата живеат 11,5 милиони луѓе, што значи дека на милион жители починале околу 850 луѓе, што е најлош биланс во светот по Сан Марино.

Највисок дневен пораст на бројот на смртни случаи е на 12 април, кога се забележани 343 смртни случаи.

Во Белгија кривата на зголемувањето на бројот на заразени лица се израмни, а во последните седум дена дневниот просек беше 95, што сепак е пораст од 11 проценти во однос на претходната недела.

Од почетокот на епидемијата во Белгија се заразени вкупно 62.781 луѓе.

Спонзорирано: