20.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Во судир на два авиона во Ајдахо загинаа осум луѓе, меѓу кои три деца

Два туристички авиона со осум патници и членови на екипажот се судрија над езеро во американската сојузна држава Ајдахо и потоа потонале на дното од езерото. Според информациите, несреќата, најверојатно, никој не ја преживеал.

Три тела се извлечени од езерото, а за останатите сè уште се трага.

„Првите информации говорат дека се работи за осум патници и членови на екипаж. Проценуваме дека нема преживеани“, се наведува во изјавата на шерифот на округот Кутенај.

Остатоците од авионите потонале на длабочина од 40 метри, каде што се лоцирани со помош на сонар.

Што довело до судир на авионите засега не е познато, а тоа ќе го утврди истрагата.

Медиумите пренесуваат дека меѓу патниците имало и три деца.