Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Управниот суд ја отфрли тужбата на Наќе Чулев против Владата

Владата соопшти дека како тужена страна го доби решението од Управниот суд, со кое тужбата на тужителот Министерство за внатрешни работи, застапувано од министерот Наќе Чулев, поднесена за наводна повреда на административните процедури при донесување на одлуката на Владата за поништување решение за разрешување на Амир Далип од позицијата началник на Секторот за внатрешни работи – Тетово и за именување дополнителен заменик-началник на СВР Тетово, се отфрла и постапката на министерот за разрешување и именување се оценува како незаконита.

Според образложението на судскиот совет, Управниот суд, имајќи го предвид членот 2 од одлуката на Владата, согласно член 48 став 2 од Законот за Владата, во кој се определува постапка во случај на сомневање од можно незаконско постапување од страна на министерот, најде дека тужбата на министерот Чулев е беспредметна, се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

ВИКЕНДОТ НОСИ ПООБИЛНИ ВРНЕЖИ – Што најавува УХМР за наредните денови?

ДЕСК

ДОБРА ВЕСТ ОД ТЕТОВО – 14-годишното девојче од Кичево, пријавено за исчезнато, се вратило кај баба си

ДЕСК

ГО ФАТИЛЕ ПРИ НЕЛЕГАЛНО ИЗЛЕГУВАЊЕ ОД МАКЕДОНИЈА – 39-годишник протеран со едногодишна забрана за влез

ДЕСК