7.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Секој втор починат од коронавирус во Хрватска живеел во старски дом

Скоро половина од оние што починале од „Ковид-19“ во Хрватска досега живееле во домови за стари лица, пишува „Јутарњи лист“.

Според Хрватскиот институт за јавно здравје (ХЗJЗ), од 108 починати, 50 од нив биле сместени во старски домови.

„Овие бројки не се неочекувани затоа што знаеме дека старите лица се најранливото население во светот. Во голем број европски земји, корисниците на домови за стари лица сочинуваат помеѓу 60 и 70 проценти од смртните случаи.Ние во Хрватска долго време се обидувавме да ги заштитиме корисниците на старските домови, но за жал тогаш се појавија неколку случаи на заразени со коронавирус, што доведе до овие смртни случаи“, рече епидемиологот Бранко Колариќ, редовен професор на Универзитетот во Ријека и член на Научниот совет за борбата против пандемијата на коронавирус на Владата на Република Хрватска.

Иако најголема смртност е забележана кај постари лица, податоците за ХЗJЗ покажуваат дека најголем број потврдени случаи на ковид има кај возрасната група од 50-59 години.Во однос на претходните анализи, има зголемување и на процентот на пациенти кај возрасните групи од 20-29 и 30-39 години.