17.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Иран бара црвена белешка од Интерпол за апсење на Трамп

Властите во Иран одобрија мерка да побараат од Интерпол да издаде црвена белешка за американскиот претседател, Доналд Трамп, и да го стави на својата меѓународна листа на барани лица поради атентатот врз генералот Касем Солејмани, објавија иранските медиуми, вклучувајќи ги „Мехр њуз“ и агенцијата „Фарс“, повикувајќи се на судски власти.

„Идентификувавме 36 лица кои учествувале во подготовките за и биле вмешани во атентатот врз Касем Солејмани, меѓу нив и политички и воени личности од САД и од други земји. На врвот на списокот е американскиот претседател Доналд Трамп“, рече Али Алкаси-Мехр, државен јавен обвинител на Техеран.

Според Алкаси-Мехр, судските власти усвоиле резолуција да ги изведат овие лица пред лицето на правдата и да побараат од Интерпол да издаде црвени белешки против нив. Ако барањето им биде одобрено, Интерпол ќе побара агенциите за спроведување на законот во други земји да го олеснат пребарувањето и апсењето на бараните осомничени.

Обвиненијата на Иран против Трамп и другите вклучуваат убиство и терористички акти, обвиненија за кои е предвидена максимална казна смрт според Кривичниот законик на Иран. Според Алкаси-Мехр, Иран би го следел гонењето на Трамп дури и по истекот на мандатот за претседател.

Солејмани беше убиен во напад на беспилотни летала на САД во Багдад, Ирак, на 3 јануари за време на посетата на добра волја за нормализација на односите на Иран со регионалниот противник Саудиска Арабија. Неговата смрт го принуди Иран да изврши ракетни напади врз две американски бази во Ирак иако Техеран ги предупреди своите ирачки сојузници за нападите предвреме.

И покрај тоа што немаше жртви, нападите резултираа со над 100 американски војници кои пријавиле трауматични повреди на мозокот. Кон крајот на јануари, анкетата на „Бизнис-инсајдер“ покажа дека еден од четворица Американци сметаат оти на Трамп треба да му се суди за воени злосторства од страна на Меѓународниот кривичен суд во врска со убиството на Солејмани.

Во меѓувреме, дури 55 отсто од Американците изјавиле дека веруваат оти атентатот на Солејмани ја направил нивната земја „помалку безбедна“.

Спонзорирано: