20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Заев од Дојран: Го чуваме езерото и вложуваме во екодржава

До 2021 ќе изготвиме мерки за санација и реконструкција на колекторот и пречистителна станица во Дојран во вредност од 60 милиони денари, а со финализација на изградбата на браната Конско ќе се обезбеди навремен дотур на вода до Дојранското Езеро, рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на денешната посета на градот.

„Важно е да се чува екосредината во езерото и околу езерото, за да имаме развој на туризмот во Дојран“, нагласи тој.

При посетата Заев направи увид во изведба на градежни работи за изградба на научно едукативен центар во Дојран, финансиран од ЕУ во вредност од 5 милиони евра, како и на градежните работи за партерно и хортикултурно уредување на градскиот парк.

„Проектот Еко држава е петтиот важен столб во програмата на СДСМ и коалицијата ‘Можеме’ и првите две години од мандатот ќе бидат посветени на планско, но и интензивно зазеленување на државата“, заклучи Заев.

Спонзорирано: