25.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Маричиќ: Празните амбасади се вина на Милошоски

„ Дипломатските катастрофи на ВМРО ДПМНЕ уште се прераскажуваат. Од непреземањето на активности до злоупотреба на европски пари. Што се однесува до амбасадите, оние кои се испразнети, вината е кај Антионио Милошоски од ВМРО ДПМНЕ, оној пратеник кого поштарот не може да го најде да му врачи судска покана да одговара за криминал. Тој седум пати ја одложуваше собраниската комисија за да не може да се изберат нови амбасадори.“- критикуваше Бојан Маричиќ од СДСМ, инаку владин советник за интеграции, во емисијата „Патот кон…“ на телевизија Алсат.
Тој се осврна на делови од програмата на ВМРО ДПМНЕ во која тие напишале дека ќе градат единствена македонска нација.

„За разлика од ваквите фрази на ВМРО ДПМНЕ, ние имаме конкретни проекти, отвораме гранични премини, остваруваме регионална соработка, носиме инвестиции, 80 отсто од поглавјата со ЕУ ќе ги овориме до крајот на новиот мандат.“- изјави Маричиќ.

Спонзорирано: