21.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Маричиќ: Во новиот мандат ќе отвориме 80 отсто од поглавјата на ЕУ

Владиниот советник за евроинтеграции од СДСМ, Бојан Маричиќ на гостувањето во емисијата „Патот кон…“ на телевизија Алсат најави дека во следниот мандат од четири години ќе бидат отворени дури 80 отсто од поглавјата на Европската Унија преку кои нашата држава полека ќе станува членка.

„Во овие три години се решија важни меѓународни прашања и го отворивме патот кон Европа. Допрва овој успех ќе има резултати и во вој дел ќе имаме уште поконкретни проекти и уште повеќе пари. СДСМ секогаш дава гаранција за успешна приказна за интеграција на државата. Постигнавме многу, но имаме уште што да постигнеме и затоа очекуваме дека граѓаните веќе го препознале тоа и дека на 15 јули ќе ни ја дадат поддршката.“- изјави Маричиќ.

Тој направи разлика помеѓу вистинскиот патриотизам на СДСМ и лажниот на ВМРО ДПМНЕ.

„Кога СДСМ ја презеде власта државата беше на колена, а не свиткана во кичмата, како што ја преставуваат на срамниот изборен спот. 11 години владееше ВМРО ДПМНЕ и ништо не направи, ние за шест месеци успеавме да ја смениме целата слика за државата и целата реалност. Вистински патриотизам е да седиме на масата на НАТО и да преговараме со Европската Унија, а не патриотизмот што го продава ВМРО ДПМНЕ. За три недели имаме избори и ќе видиме што ќе одлучат граѓаните.“- анализираше Маричиќ.

Спонзорирано: