7.8 C
Скопје
30. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Србија објавува лажни бројки за корона, ВМРО ДПМНЕ ги користи лажните бројки за споредба

Новинарската екипа на БИРН во Белград објави истражување според кое српските власти ги кријат бројките за корона вирусот, и за починатите и за заразените. Претпоставките се дека на владејачката партија на Александар Вучиќ ваквата ситуација у оди во прилог затоа што Србија имаше парламентарни и локални избори пред два дена. За да може Вучиќ да ги оргазнизира изборите беше неопходно целосно да ги укине рестриктивните мерки, но тоа резултираше со масовни собири на стадиони, музички настани, предизборни собири… затоа Србија станува големо жариште.

Новинарките написи откриваат дека до први јуни починале 632 лица, а не 244 како што прикажале властите во Белград. Дополнително, последните денови постојано има од 300 до 350 нови заразени на ден, иако властите никогаш не објавиле бројка поголема од 90. Ваквото криење на вистинските бројки ќе го платат српските граѓани со своето здравје. За да биде јавноста уште повеќе изманипулирана, вклучително и македонската, овие лажни бројки ги користи ВМРО ДПМНЕ за да прави споредба со ситуацијата во Србија.

Но, едно е сигурно, кај нас ниту една бројка не е измислена, напумпана или намалена. Од самиот почеток здравствените власти во Скопје објавуваат точни и навремени бројки, како за починатите, така и за болните. Транспарентноста на оваа влада е видлива карактеристика на владеењето, доволно е да се посочи примерот дека јавно се објавува секоја трансакција од државната каса и со тоа секој граѓанин има можност да провери во секо време како и за што се трошат јавните пари.

Но, таквата транспарентност им смета во ВМРО ДПМНЕ по се изгледа затоа што нивниот принцип на дејствување е преку лажни вести и нетранспарентно трошење на народните пари, како случајот со Скопје 2014. Дополнително, во јавните настапи ВМРО ДПМНЕ постојано ги користи бројките за корона од државите во регионот за да престави дека македонското здравство не се справува со вирусот, но сега откако се откри вистината во Србија пропаѓаат сите споредби на ВМРО ДПМНЕ со бројките кај нас. Тоа е практично истата матрица на политичко дејствување, Вучиќ пласира лажни бројки, Мицкоски ги користи како аргумент таквите бројки.

Затоа пак, Комисијата за заразни болести, Министерството за здравство, Кризниот штаб и сите други институции кај нас постојано пласираат точни бројки и тоа јавно го нагласуваат, дека ниту еден случај не е сокриен. Уште повеќе може да им се верува на властите ако се знае дека единствено кај нас се прават тестови во голем обем, се тестираат и контактите на заразените, па дури и контактите на контактите, што значи бројката на ново заболените од последните денови се должи и на тоа, на масовното тестирање.

Довербата во министерот Венко Филипче, но и во целиот здравствен систем се должи не само на посветеноста и знаењето, туку и на транспарентното објавување на бројките, мерките, препораките, владините уредби… Едноставно граѓаните секој ден имаат нови, точни и проверени информации, колку и да сака опозицијата тоа да го престави поинаку.

Спонзорирано: