10.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

На Јутуб осамнаа нови снимени разговори: Во ниту еден дел од разговорите не се споменати нити Зоран Заев, нити Вице Заев нит извесен Роштиљ

Денес на Јутуб каналот на извесен “Добар човек” осамнаа нови снимени разговори.

Од првите две објавени објавени снимки јасно може да се слушне дека ВМРО-ДПМНЕ и медиумите лажат. Од разговорите може да се слушне дека не е во прашање струмичанец туку е Кичевскиот.

Во ниту еден дел од разговорите не се споменати нити Зоран Заев, нити Вице Заев нит извесен Роштиљ чие име се пишуваше во порталите блиски до ВМРО-ДПМНЕ.

Според третиот, четвртиот и петтиот разговор Кичевскиот разговара со Бојан Јовановски за тоа како се нашол Кичевскиот во цела таа ситуација и посредувањето помеѓу Боки 13 и Орце Камчев.

Во следните, шести и седми разговор Зоран Милевски Кичеец му се колни на Бојан Јовановски дека не учествувал на ниту една зделка заедно со Орце Камчев, “Ти се колнам во пет деца ако Орце еднаш има земено да однесе 50 илјади евра”.


Кичевскиот во продолжение му кажува на Боки 13 дека најмногу со Орце се зближил по кавгата со Сашо, и кажува дека едно евро не зел од Орце Камчев до сега.

Според содржината на осмиот и деветтиот разговор може да се претпостави дека се снимени во период од како се дадени паричните средства на Бојан Јовановски од страна на Орце Камчев, или според текот на судењето за случајот “Рекет” овие разговори потекнуваат од 4 ти април, каде што Зоран Милевски – Кичеец кажува дека немал никаков интерес, не се стекнал со никаква парична корист, едноставно бил курир, за што Боки 13 го потврдува истото.

Во последниот објавен разговор Кичевскиот му кажува на Боки 13 дека се залагал во животот за Орце Камчев без еден посто некаков интерес, ни на крај памет не му паѓало да се стекне се било каква корист, за што Бојан Јовановски повторно потврдува дека е така.

И на крајот на денот после сите овие преслушани разговори се поставува прашањето, КАДЕ Е ТУКА ВИНАТА на Зоран Милевски – Кичевскиот?

 

Спонзорирано: