14.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Donald Trump/Offical fan page
СВЕТ

Трамп се закани дека ќе ги прекине сите врски со Кина

Претседателот на САД, Доналд Трамп, се закани дека ќе ги прекине врските со Кина, повикувајќи се на изјавата на трговскиот претставник Роберт Лајтизер.

Тензиите повторно се зголемија меѓу САД и Кина, делумно поради коронавирусот бидејќи Трамп упорно тврди во последните месеци дека Пекинг не бил транспарентен во раните фази на епидемијата.

Членовите на неговата администрација рекоа дека веруваат дека вирусот потекнува од кинеска лабораторија, а тој за „Волстрит журнал“ изјави дека е можно Кина намерно да го шири вирусот за да ја дестабилизира светската економија.

Односите се влошија и оваа година поради трговијата, кинескиот Хуавеј и законот што Пекинг го наметнува во Хонгконг.

Раскинување на сите врски со Кина е една од опцииите за САД, рече Трамп.

„САД ја задржуваат, се разбира, политичката опција, под различни услови, да ги срушат мостовите со Кина“, напиша тој на „Твитер“.

Трамп сигнализираше натамошно влошување на односите минатиот месец, велејќи дека не е заинтересиран да разговара со претседателот Шји Џјинпинг и посочи дека може да ги прекине врските со Кина.

Лајтизер на сослушувањето во Конгресот рече дека прекинувањето е комплицирано прашање.

„Тоа беше опција пред многу години, но не мислам дека би било разумна политичка одлука во овој момент“, рече тој.

Спонзорирано: