20.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Николовски на Канал 5: Преспанскиот договор вредеше, имаме признат македонски идентитет и јазик, членки сме на НАТО

Генералниот секретар и шеф на изборен штаб на СДСМ, Љупчо Николовски во вестите на Канал 5 се осврна и на двегодишнината од потпишувањето на Преспанскиот договор со кој Северна Македонија и Грција ставија крај на три деценискиот спор околу името на државата. Николовски заклучи дека договорот е вреден затоа што го трасира нашиот пат кон Европа со конкретни успеси, а при тоа заштитени ни се идентитетот и јазикот.

„Ние со овој договор го зајакнавме нашиот идентитет, официјално го имаме македонскиот јазик, и навистина сме горди со Преспанскиот договор. Вредеше секој вложен напор затоа што тој документ ни ги отвори вратите на НАТО и на ЕУ. Ние денес сме полноправна членка на НАТО, а наскоро започнуваме и преговори со Европската Унија, оттаму овој договор е гаранцијата за нашата европска иднина“- искоментира Николовски.