14.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Научниците дојдоа до нови застрашувачки податоци: Коронавирусот предизвикува и дијабетис?

Новите откритија во врска со последиците од коронавирусот ги загрижија научниците.

Имено, како што предупредија експертите од областа на науката во петокот, ковид-19 веројатно предизвикува дијабетес кај лица кои пред инфекцијата го немале.

Овој заклучок беше објавен во New England Journal of Medicine Медицина за медицина, а истиот беше постигнат по набудување на група пациенти заразени со вирусот.

Пациентите биле набњудувани од водечки експрети од областа на дијабетис, но и понатака не е јано како вирусот предизвикува дијабетис.

Она што истражувањето го покажа е дека протеин корона вирус кој му олеснува да влезе во човечкитеклетки, не ги зафаќа само белите дробови туку и други органи и ткива како што се панкреас, тенкото црево, масното ткиво, црниот дроб и бубрезите.

Експертите веруваат дека ако вирусот влезе во организмот на овој начин, тоа предизвикува повеќекратни и сложени дисфункции на метаболизмот на јаглени хидрати. Со години е познато дека честите вирусни инфекции можат да предвидат поголема шанса за развој на дијабетес тип 1.

Франческо Рубино, професор од Кинг колеџ во Лондон и еден од авторите на оваа студија, вели дека можно е пациентите и претходно да имале склоност кон дијабетис, а коронавирусот да го забрзал процесот, но можно е и некои веќе и да имале дијабетис, а не знаеле.

„Очигледно е дека можно е некои од нив вво болница да откриле дека боледуваат од дијабетис, додколку тоа не го провериле претходно. Инфекцијата додатно го зголемува нивото на шеќер.Сепак, дури и ако тоа е случај, бројот на пациенти кои се заразени и со вирус и со дијабетес е многу поголем од бројот на пациенти кои се болни, да речеме, сезонски грип и дијабетес во исто време – вели тој.

Она што веќе се знае е дека коронавирусот секако ја влошува состојбта кај пациенти кои веќе се заболени од дијабетис.

Спонзорирано: