22.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Јапонскиот премиер: Високите температури не спречуваат ширење на коронавирусот

Јапонскиот премиер, Шинѕо Абе, изјави дека високите температури во текот на летото веројатно нема да го спречат пренесувањето на новиот коронавирус, со оглед на тоа што бројот на заразени е голем дури и на Блискиот Исток.

„Не можеме да се опуштиме само затоа што доаѓа лето, бидејќи инфекцијата се шири и на Блискиот Исток каде се високи температурите“, истакна Абе, демантирајќи ја идејата дека топлото време може да има улога при намалување на инфекциите.

Температурите на Блискиот Исток надминаа 35 степени Целзиусови во градовите како што се Техеран и Ријад, каде, според податоците на Светската здравствена организација, се потврдени околу 185.000, односно 123.000 случаи.

Во Катар, каде што највисоката температура достигна околу 40 степени во последните две недели, просечно дневно се заразуваат околу 1.500 луѓе, што е повеќе отколку во април кога било постудено.

Абе потврди дека Владата настојува да ја прошири медицинската стратегија и тестирањата во пресрет на евентуалниот втор бран на епидемијата.

Тој исто така рече дека изработката на апликација за паметни телефони, која би ги информирала корисниците за потенцијален контакт со некого на кого му е дијагностицирана вирусна инфекција, е во завршна фаза и треба да почне со работа оваа недела.

Спонзорирано: