12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото official fan page of Boris Johnson/ www.facebook.com/borisjohnson/
СВЕТ

Џонсон: Черчил беше херој, не смееме да ја искривуваме британската историја

Британскиот премиер, Борис Џонсон, во време на тековните јавни контроверзии за отстранување статуи на историски личности, рече дека Велика Британија не може да го фотошопира своето социјално опкружување и сложената историја бидејќи тоа ќе ја наруши британската историја.

„Ако почнеме да ја бришеме историјата и да ги отстрануваме слики на сите, освен на оние чии ставови се во согласност со нашите, ние се впуштаме во голема лага, во искривување на нашата историја“, напиша Џонсон во „Телеграф“.

Џонсон застана во одбрана на својот претходник Винстон Черчил, истакнувајќи дека е апсурдно и за осуда што била загрозена статуата на поранешниот воен премиер.

„Тој беше херој и не мислам дека ќе бидам сам во пораката дека ќе се спротивставам на секој обид да се отстрани статуата од Плоштадот на парламентот и колку побрзо се отстрани заштитата околу неа – толку подобро“.

Демонстрантите кои излегоа на улиците по смртта на американскиот црнец Џорџ Флојд, кој почина откако бел американски полицаец клечеше на неговиот врат, многу споменици на историски личности прогласија за антирасистички ставајќи ги статуите во центарот на борбата против империјалното минато на Велика Британија.

Џонсон го почитува Черчил и луѓето блиски до сегашниот премиер велат дека неговиот славен претходник му е пример.

Черчил изрази расистички и антисемитски ставови и критичарите го обвинуваат дека ѝ ускратувал храна на Индија за време на гладот ​​во 1943 година во која починаа повеќе од два милиони луѓе, пишува „Ројтерс“.