9.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Елисејската палата ги демантира тврдењата на „Фигаро“ дека Макрон сака да даде оставка

Елисејската палата ги демантира тврдењата на медиумите дека францускиот претседател Емануел Макрон планира да си даде оставка со цел да се распишат предвремени избори, што, наводно, ги предложил на видеоконференција со донаторите на неговата партија.

„Претседателот никогаш не учествуваше на видеоконференција со донатори и никогаш не спомена можна оставка. Информациите објавени од ’Фигаро’ се лажни“, изјави официјалниот претставник на Елисејската палата.

Осврнувајќи се на зборовите на еден учесник, „Фигаро“ тврдеше дека Макрон им кажал на мала група донатори во Лондон пред две недели дека размислува за оставка и свикување предвремени претседателски избори како начин за ресетирање на неговото претседателствување по кризата со коронавирус, поради која суспендирал некои основни делови од својата политичка програма.

„Политико“ оценува дека демантот од кабинетот на Макрон не е директен. Претходно истиот ден, истиот службеник не го негираше тоа, туку едноставно одби да го потврди. И првиот коментар на Елисејската палата за „Фигаро“ беше нејасен.

„Во принцип, ние не отфрламе ништо. Претпоставката за оставка никогаш не беше на дневен ред, ниту беше спомната на ниту еден состанок во Елисејската палата“, ги цитираше Фигаро зборовите на еден официјален претставник.

Не е целосно јасно дали идејата за оставка е само пробен балон, што Макрон и претходно го правеше, или сериозно се разгледува, пишува „Политико.

Спонзорирано: