14.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Туристичкиот промет во Црна Гора паднат за 40 отсто

Според сегашните проценки, очекуваниот пад на туристичкиот промет во Црна Гора ќе изнесува околу 40 отсто, изјави државниот секретар во Министерството за одржлив развој и туризам, Дамир Давидовиќ.

Сепак, тој верува дека квалитетните резултати во борбата против коронавирусот ќе дадат силен стимул за негово зголемување, пренесува порталот ЦдМ.

„Според сегашните процени, очекуваме пад на туристичкиот промет од околу 40 отсто. Сепак, сè уште не е познато, кога станува збор за Ковид-19, затоа што одложувањето на можниот втор бран на глобално ниво би оставило простор за подобар резултат во постсезоната“, рече Давидовиќ во парламентот како одговор на прашањето од пратеникот на ДФ, Страхиња Булајиќ.

Давидовиќ оцени дека втората половина од годината е традиционално многу важна за црногорскиот туризам, затоа што се остварува 75 отсто од вкупниот промет.

„Веруваме дека нормализацијата што се очекува во текот на јуни ќе придонесе за посилен почеток на туристичкиот промет во текот на јули, со што ќе создадат услови намалувањето на прометот да биде што е можно помало“, изјави тој.

Тој додаде дека вториот квартал, поради кризата предизвикана од коронавирусот и затворањето на границите, во суштина е изгубен, додека минатата година учествуваше со 207 милиони евра приход.

Спонзорирано: