14.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Ранети двајца бегалци од страна на грчката полиција која бркала сомнителен автомобил

Двајца грчки полицајци се обвинети за обид за убиство откако при потера по сомнителен автомобил полесно раниле двајца од вкупно 13 бегалци кои криумчари се обиделе да ги пшверцуваат во Грција.

По сослушувањето кај истражен судија во пограничниот град Орестијада, двајцата полицајци се пуштени денес на слобода до завршувањето на истражната постапка.

Границата со Турција е место на масовно влегување на бегалците и емигрантите од Блискиот Исток, обидувајќи се да стигнат до Западна Европа.

Во соопштението на грчката полиција се наведува дека двајца бегалци, маж и жена, биле полесно ранети во багажникот на автомобилот кој ѝ бегал на полицијата.

Полицајците прво испукале предупредувачки истрели од полициското возило, а потоа и неколку куршуми во гумите на автомобилот кој бегал, но куршумите се одбиле и полесно ги раниле бегалците скриени во багажникот.

Возачот на автомобилот е уапсен, двајцата ранети се згрижени во локална болница, а останатите бегалци се префрлени во центар за азиланти.

Спонзорирано: