14.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Вирусот влезе и во студентските домови во Ниш, часовите беа суспендирани

Коронавирусот беше потврден кај еден студент на Факултет за спорт и физичко образование во Ниш, додека резултатите од тестирањето се чекаат за еден студент.

Поради тоа, сите наставни активности на факултетот беа привремено прекинати, потврди деканот Милован Братиќ за српската агенција Бета денес

Според него, болниот студент има поблага клиничка слика и се лекува дома.

Тој рече дека Факултетот за спорт и физичко образование вчера до Институтот за јавно здравје Ниш достави список на студенти и професори кои биле во контакт со болниот студент, а сега експертите на Институтот треба да одлучат кој друг ќе биде тестиран.

„Понатамошните активности на факултетот ќе зависат од развојот на епидемиолошката состојба. Доколку е потребно, испитниот период, кој треба да започне на 15 јуни, ќе биде привремено одложен“, рекол Братиќ.

Во регионот деновиве е забележано враќање на нов бран на коронавирус, но медиумите низ регионот јавуваат дека се работи за заразени лица со полесна клиничка слика. Со слични наводи излегоа и македонските здравствени власти, откако во земјава нагло се зголеми бројот на новозаразени.

Спонзорирано: