8.8 C
Скопје
12. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Папата донира еден милион евра за римјаните кои имаат финансиски проблеми

Папата Францискп донираше еден милион евра на фондот кој ќе им помага на римјаните кои се погодени од економската криза предизвикана од коронавирусот.

Освен што е поглавар на 1,3 милијарди католици, папата е и римски бискуп и донацијата ја дал во тоа својство.

Во писмо до кардиналот Анџело де Донатису, кој управува со Римската бискупија во негово име, папата навел дека тие пари треба да им помогнат на луѓето со финансиски проблеми поради коронавирусот.