13.3 C
Скопје
13. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Меркел и Макрон бараат од ЕУ подобро да се подготви за наредната пандемија на коронавирус

Неколку европски лидери, меѓу кои и германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон побараа од Европската Унија (ЕУ) да ги разгледа начините за подобро подготвување за следната пандемија на коронавирус.

Хаотичниот одговор на новиот коронавирус, во кој починаа 184.256 лица во ЕУ, покрена прашања за нивото на подготвеност и ја нагласи потребата за европски пристап во контекст на вториот бран на пандемијата, се вели во писмото упатено до претседателот на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Писмото, меѓу другите, го потпишаа премиерите на Полска, Шпанија, Белгија и Данска.Шефовите на држави и влади на ЕУ ќе разговараат за пандемијата на коронавирус на виртуелна средба на 19 јуни.