26.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

Апликациите за азил во Европа паднаа на најниско ниво

Бројот на апликации за азил во Европа падна на најниско ниво во април по повеќе од една деценија, откако границите беа затворени поради коронавирусот.

Намалувањето на барањата на 8.730 во април, претставува пад од 86 отсто од 61.421 во февруари, според податоците добиени од Европската канцеларија за поддршка на азил (ЕАСО).

ЕУ ги затвори своите надворешни граници во март, а голем дел од нејзините членки ја прекинаа регистрацијата на апликации.