17.8 C
Скопје
1. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Прележа коронавирус, даде крвна плазма и почина на тренинг – Трагична вест во спортскиот свет

Тој го прележал Ковид-19, дал крвна плазма и умрел на тренинг. Трагичната вест се случи во унгарскиот спорт, затоа што членот на репрезентацијата во борење, Бендегуз Тот, почина на 22-годишна возраст.

Смртта кај младиот спортист настапила за време на тренинзите во клубот на кој игра, а унгарските медиуми пренесуваат дека, иако брзата помош реагирала брзо, немало спас.

„Не сакаме да веруваме дека тој повеќе не е со нас. Немаше индикации дека може да му се случи таква трагедија во толку рана возраст. Додека седеше на грбот на еден од неговите клупски колеги на тренинг, му се слоши, мускулите му биле опуштени. Сите се ангажираа да му помогнат, направија се” што можеа за да го спасат, но за жал не успеаја “, рекол таткото на спортистот ,Јозев Тот.

Причината за смртта сè уште не е потврдена, а што е уште по шокантно, е тоа што Тот се заразил од вирусот „Ковид-19“ пред два месеци.

“Бидејќи тој имаше симптоми кои укажуваат на коронавирус, тој беше ставен во карантин две недели. Болеста исчезна и во март даде крвна плазма во друштво на неколку спортисти. За него беше откриено дека го има вирусот веќе на првиот тест, а следните два беа негативни”, рекол таткото.

Во својата кратка кариера, младиот борач освои два европски и два светски сребрени медали во помладите категории до 23-годишна возраст.

Спонзорирано: