20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Велика Британија планира да воведе воздушни мостови за оние што доаѓаат во земјата

Британската влада планира да го замени карантинот за патниците кои пристигнуваат на аеродромите до крајот на јуни, а како опција се наведуваат воздушните мостови, објави „Телеграф“.

Воздушните мостови имаат за цел да им овозможат на луѓето од земји со ниско ниво на инфекција да доаѓаат во Велика Британија. На министерствата за транспорт и за внатрешни работи им било наложено да планираат нивно воведување до крајот на месецот, пишува „Телеграф“.

Британскиот карантин за патниците кои доаѓаат од странство ќе биде воведен од 8 јуни, рече министерката за внатрешни работи Прити Пател. Сите патници, вклучително и Британците, ќе мора да одат во самоизолација од 14 дена и на надлежните служби да им дадат детали за тоа каде ќе престојуваат.

Овие планови наидоа на критики од авиокомпаниите, деловните здруженија и политичарите.