7.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Чешка на 15 јуни ги отвора границите за 29 земји

Чешката влада соопшти дека од 15 јуни на граѓаните на таа земја ќе им биде дозволено да патуваат во 29 европски држави. Владата, исто така, наведува дека граѓаните на 19 држави кои се сметаат за безбедни ќе можат да влезат во Чешка без никакви рестриктивни мерки, додека граѓаните на преостанатите 10 земји мора да покажат негативен тест за коронавирус.

Граѓаните на Австрија, Финска, Норвешка, Исланд, Германија, Швајцарија, Лихтенштајн, Хрватска, Словенија, Грција, Словачка, Полска, Унгарија, Романија, Бугарија, Кипар, Естонија и Литванија ќе можат да влезат во Чешка без тест.

Граѓаните на Данска, Ирска, Холандија, Белгија, Луксембург, Франција, Португалија, Шпанија, Андора и Италија, земји што се сметаат за поризични поради моменталната состојба со коронавирусот, ќе можат да ја преминат чешката граница само доколку прикажат негативен тест на коронавирус.

Во спротивно, тие ќе треба да одат во карантин.