14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТТОП ВЕСТИ

Црна Гора прва европска земја без ниту еден новозаразен од коронавирус, наскоро ќе прогласи победат на епидемијата

После 68 дена од првиот случај на коронавирус, Црна Гора стана првата европска земја во која нема активен случај на Ковид-19. Со тоа стана првата „corona free” држава во Европа.

Во оваа земја веќе 20 дена последователно нема ниту еден нов случај на коронавирус, пренесува „Хина“.

Директорот на Институтот за јавно здравје Бобан Мугоша порача дека може да биде прогласен крај на епидемијата на 1. јуни, доколку нема нови случаи на коронавирус.

Црна Гора беше последната европска земја во која беше потврден првиот случај, односно додека во сите европски држави имаше барем по еден заболен, Црна Гора немаше случај се до 17. март. Од тогаш заболеа 324 лица, 315 се оздравени, додека починаа девет пациенти.