16.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

Двојна трагедија во Србија: Убиена директорка на основно школо и нејзниот шофер од страна на лубоморниот сопруг

Србија утрово е шокирана по убиството кое се случило во Ердевик.

Директорката на Основното училиште Сава Сава Шумановиќ, со иницијали Б.Г., била убиена од нејзиниот сопруг со автоматска пушка. Сопругот на убиената директорка извршил убисво и на возачот во училиштето М.Б.

Двојното убиство се случило околу 9 часот и 30 минути, информира српската полиција за српските информативни гласила.

Предраг Г. упаднал во училиштето и со автоматска пушка пукал кон М.Б. (шофер во школото), а потоа влегол во училишната зграда и ја убил својата сопруга која била во нејзината канцеларија.

Убиецот Предраг Г. откако дошла полиција се предал на властите.

Медиумите пишуваат дека зад овој инцидент се крие љубовна драма. Сопругот Предраг бил љубоморен дека има нешто меѓу шоферот во училиштето и неговата сопруга, па сега според српските медиуми, како мотив за убиството се спонува љубомора.

Спонзорирано: